За Мустафи заврши сезоната
- Во преостанатите натпревари од сезоната 2019/20, Арсенал нема да може да смета на дефанзивецот на Шкодран Мустафи, објавија „топчиите“ на клупската официјална веб-страница.

Лондон, 24 јули 2020 (МИА) - Во преостанатите натпревари од сезоната 2019/20, Арсенал нема да може да смета на дефанзивецот на Шкодран Мустафи, објавија „топчиите“ на клупската официјална веб-страница.
Мустафи се повреди за време на полуфиналето на ФА Купот против Манчестер сити (2-0). Времето на закрепнување на фудбалерот сè уште не е познато.
Но, Мустафи дефинитивно нема да игра на натпреварот од 38. коло против Ватфорд (26 јули) и во финалето на ФА Купот против Челзи (1 август).
Оваа сезона, 28-годишниот Германец има одиграно 27 натпревари за Арсенал на сите турнири и постигна еден гол. зс/