• недела, 22 декември 2024

За изградбата на коридорите во 8 и 10д потребни се околу 2.000 работници

За изградбата на коридорите во 8 и 10д потребни се околу 2.000 работници

Гостивар, 16 август 2023 (МИА) – За изградбата на коридорите 8 и 10д на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе им бидат потребни околу две илјади работници од различни профили. Овој податок беше соопштен на првиот ден од саемот за вработување што се одржа попладнево во Агенцијата за вработување во Гостивар во американско-турскиот конзорциум. Меѓу гостите и заинтересираните граѓани беше и првиот вицепремиер Артан Груби. Тој посочи дека Коридорите 8 и 10д се како што рече најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава и дека се потребни работници.

- Би сакал да ги охрабрам сите луѓе не само од Гостивар, да аплицираат на дадените адреси и да станат дел од изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава со којшто ќе изградиме автопатско решение се до границата со Албанија и исто така поврзувајќи ги автопатски и Прилеп и Битола. Во разговорот со менаџерите, планирано е да има над 2.000 вработувања и се надеваат сите ќе бидат од Република Македонија, изјави Груби по посетата на самото во Гостивар.

Во име на менаџерскиот тим на конзорциумот на дел од новинарските прашања во врска со платата на работниците и почетокот на конкретните работи, одговараше Џошуа Бејкер директорот на проектот Џошуа Бејкер без да посочи на прецизни бројки и рокови.

- Наредните недели би можело да се почне со градежните работи на терен. Вложуваме сериозни напори да отпочнеме поскоро со градежните работи. Соработуваме со Владата и општините на експропријација на земјиштето и подготовките, рече Бејкер и посочи дека во тек се подготовките за изградба на два кампови, еден близу Гостивар и еден помеѓу Битола и Прилеп.

Тој не кажа конкретен износ во врска со прашањето за висината на платите на вработените, туку кажа дека ќе бидат според нивната работна позиција и се формирани според актуелната побарувачка на пазарот на трудот. Бејкер очекува како подизведувачи да бидат вклучени повеќе локални фирми.

На првиот ден од саемот, во гостиварскиот центар за вработување, за работа во „Бехтел и Енка се пријавија педесетина лица меѓу кои имаше и градежни инженери кои бараат работа и лица кои веќе работат. Нив најмногу интересираа платата, работното време и кога ќе добијат одговор по нивното пријавување. згм/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан