• вторник, 25 јуни 2024

За една недела 207 непрописно паркирани возила во општина Центар

За една недела 207 непрописно паркирани возила во општина Центар

Скопје, 17 јуни 2024 (МИА) - За седум дена санкционирани се 207 возачи, чии возила го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во Општина Центар. 

Како што информираат ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар, во периодот од 10 јуни до 16 јуни 2024 година со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 111 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 96 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

- ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, стои во соопштението. мд/ев/

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар

Остани поврзан