• петок, 05 декември 2025

За една недела санкционирани 100 непрописно паркирани возила во Центар 

За една недела санкционирани 100 непрописно паркирани возила во Центар 

Скопје, 26 мај 2025 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 19-ти до 25 мај со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 100 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар, велат јавното претпријатие, секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.

Апелираат да се почитуваат сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците. сст/

Фото ЈП ПОЦ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан