• четврток, 26 септември 2024

За една недела пет нови случаи на пертусис на ниво на Центар за јавно здравје Куманово

За една недела пет нови случаи на пертусис на ниво на Центар за јавно здравје Куманово

Куманово, 11 септември 2024 (МИА) - Центарот за јавно здравје Куманово, последнава недела регистрира пет случаи на заболени од пертусис, информираа денеска надлежните. Во Липково и во Кратово има по две евидентирани лица, во Крива Паланка едно. Во јули годинава, во ЦЈЗ Куманово имало пријавено 32 лица, во август регистрирани се 12 случаи.

- Нашата лабораторија потврди 104 лица од почетокот на епидемијата, останатите се потврдени во другите лаборатории во државата. Остануваат препораките, тимовите од вакциналните пунктови да ги пребараат неевидентираните, некомплетно вакцинираните, спроведување на редовна вакцинација за да се постигне опфат од 95 проценти. Во регионот сè уште сме далеку ниско под овој опфат, изјави раководителот на одделението за епидемиологија, од Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Јадранка Стаменковска.

Од почетокот на епидемијата од февруари годинава, досега на подрачјето на Центарот регистрирани се 127 случаи. Најголем број од заболените се во Куманово 84, во Липково-18, седумнаесет во Кратово и осум во Крива Паланка. Најголем дел од заболените 40 се до петгодишна возраст. Четириесет и четири се на училишна возраст, осумнаесет се на над 30 години.

Од почетокот на епидемијата од североисточниот регион хоспитализирани се единаесет лица пред, се деца до една година. Останатите се на домашно лекување со полесна клиничка слика. Шеесет и три лица се комплетно вакцинирани или вакцинирани согласно возраста, но кај дел од нив, од последната вакцинација поминале од 11 до 15 години.

- Како момент може да забележам дека при анкетирањето некои од родителите кажуваат дека е заболено нивното дете, ама дека сликата не е како онаа што ја има на социјалните мрежи со бебето кое се гуши. Меѓутоа овој податок само покажува дека не треба така да се однесуваме, туку редовно и навремено да ги вакцинираме децата. Некои поминуваат со полесна клиничка слика, но има и други со потешка клиничка слика со упорна, долготрајна кашлица. Почна училишната година и очекуваме нови случаи, изјави д-р Стаменковска.

Заболените треба да се изолираат останува препораката матичните доктори навреме да ги упатуваат за испитувања и редовно да ги пријават во епидемиолошката служба. Од Центарот за јавно здравје велат дека се преземаат мерки согласно укажувањата на здравствените установи, засилени епидемиолошки истражувања, откривање сомнителни случаи, проверки на вакцинални статуси, изолации на заболени и препораки за привремено исклучување од установи, школи, градинки, едукативни центри, редовно и навремено пријавување на заболувања од матични лекари, епидемиолошки увиди кај вакцинанлни пунктови, препораки за вакцинирање на сите невакцинирани, непотполно вакцинирани, повикување за вакцинација, комуникации со надлежни установи да не се примаат на настава деца со сомнителна кашлица и температура, мерки за хигиена, забрани за посета во болницата на хоспитализираните … ам/сст/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан