За една недела во Центар отстранети 103 непрописно паркирани возила
- ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10-ти до 17 август со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Скопје,18 август 2025 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10-ти до 17 август со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. сст/са/
Дото ЈП ПОЦ