• вторник, 19 ноември 2024

За една година војна, Израел нападнал 40.000 цели на Хамас во Газа

За една година војна, Израел нападнал 40.000 цели на Хамас во Газа

Газа, 7 октомври 2024 (МИА) – Во податоците за одбележување на 7 октомври, израелската војска соопшти дека од почетокот на војната регрутирала 300.000 резервисти – 82 отсто мажи и 18 отсто жени и речиси половина од нив се на возраст од 20 до 29 години.

Израел во изминатата година бомбардирал повеќе од 40.000 цели во Појасот Газа, пронајде 4.700 тунели и уништи 1.000 локации за ракетирање, соопшти израелската војска денеска, на годишнината од терористичкиот напад на Хамас што предизвика израелска одмазда.

Пребројувајќи ги загинатите војници за чии имиња добила дозвола да ги објави, израелската војска соопшти дека од 7 октомври 2023 година биле убиени 726 израелски војници. Од нив, 380 биле убиени во нападите на 7 октомври и 346 во борбите во Газа кои почнаа на 27 октомври 2023 година

Од тој датум, бројот на повредени војници е 4.576. Педесет и шест војници загинаа како резултат на различни оперативни несреќи, кои армијата не ги дефинираше.

Од почетокот на војната, од Газа врз Израел се истрелани 13.200 ракети. Уште 12.400 биле истрелани од Либан, додека 60 дошле од Сирија, 180 од Јемен и 400 од Иран, соопшти војската. Се додава дека убила повеќе од 800 „терористи“ во Либан, каде од воздух биле погодени 4.900 цели заедно со околу 6.000 цели на земја. Во текот на изминатата година, Израел уапси повеќе од 5.000 осомничени на Западниот Брег и долината на Јордан.

Војската соопшти дека убила осум команданти на милитантната бригада во Газа, околу 30 команданти на баталјони и 165 команданти на чети.

Војната во Газа почна по терористичкиот напад на Хамас во јужниот дел на Израел на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени 1.200 лица, а 250 луѓе беа земени како заложници. Хамас се уште држи повеќе од 100 заложници.

Во израелскиот воен напад врз Газа, според Министерството за здравство на Газа, досега загинаа речиси 42.000 Палестинци. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан