• четврток, 21 ноември 2024

За брзо возење 48 санкции на територијата на СВР Велес

За брзо возење 48 санкции на територијата на СВР Велес
Скопје, 11 јули 2022 (МИА) - Санционирани се 48 возачи кои возеле со брзина поголема од пропишаната на територијата на СВР Велес во денешната засилена акциска контрола. -На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР. хс/бак/

Остани поврзан