• недела, 01 септември 2024

За брзо возење 378 санкции на територија на цела држава 

За брзо возење 378 санкции на територија на цела држава 
Скопје, 15 јули 2021 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 378 возачи. Во соопштението од МВР стои дека од нив, 38 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. цр/ац/

Остани поврзан