Зајакнување на билатералните односи во фокусот на средбата на министрите за надворешни работи на Кипар и на Албанија
- Билатералните односи, кипарското прашање, ЕУ перспективата на Албанија, како и случувањата на Блискиот Исток и во Украина, биле на агендата разговори на министрите за надворешни работи на Кипар и Албанија Константинос Комбос и Игли Хасани за време на нивната средба во Никозија, јави дописничката на МИА од Атина.
Никозија, 2 јуни 2025 (МИА) – Билатералните односи, кипарското прашање, ЕУ перспективата на Албанија, како и случувањата на Блискиот Исток и во Украина, биле на агендата разговори на министрите за надворешни работи на Кипар и Албанија Константинос Комбос и Игли Хасани за време на нивната средба во Никозија, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од кипарското МНР, двајцата министри имале тет-а-тет средба по што следел состанок и на двете делегации, а ги разгледале билатералните односи „со цел нивно понатамошно зајакнување“.
Паралелно, шефот на кипарската дипломатија го информирал Хасани за последните случувања во кипарското прашање и напорите на Владата за решение.
- Комбос исто така информираше и за приоритетите на кипарското претседателство со Советот на Европската Унија во 2026 година, а беа разменети мислења за напредокот што го постигна Албанија во однос на нејзиниот интегративен процес во ЕУ, како и за случувањата на Блискиот Исток и Украина, соопшти Министерството за надворешни работи на Кипар.
Дополнително, бил потпишан Меморандум за разбирање за соработка меѓу Дипломатските академии на двете Министерства, „со што дополнително се зајакнуваат односите во областа на дипломатското образование и обука“.
Хасани, кој е во официјална посета на Република Кипар се сретна и со кипарскиот претседател Никос Христодулидис.
Министерот за надворешни работи на Албанија, од Никозија ќе замине за Атина каде што утре ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис. ср/ми/
Фото: Министерство за надворешни работи на Кипар