• сабота, 21 декември 2024

Зајакнати безбедносни мерки околу Капитол Хил

Зајакнати безбедносни мерки околу Капитол Хил
Вашингтон, 3 март 2021 (МИА) - Полицијата во Вашингтон го зајакнува обезбедувањето околу зградата на Конгресот поради разузнавачките податоци кои предупредуваат на евентуално собирање на милитантни групи во текот на утрешниот ден, а по повод шпекулациите дека Доналд Трамп на 4 март, на денот кога порано се одржувале инаугурациите на претседателите на САД, ќе се обиде да се врати на власт. Полицијата соопшти дека има разузнавачки информации оти постои можност „идентификувана милитантна група да подготвува заговор за упад во Капитол Хил на 4 март“, објавија американските медиуми. - Сериозно ги сфативме тие разузнавачки податоци, но поради нивната чувствителност не можеме да откриеме повеќе детали, соопшти полициското обезбедување на Капитол Хил. Како што се наведува во соопштението, „зајакнато е обезбедувањето на Конгресот и со физички блокади и со човечко присуство, а полицијата соработува со локалните, државните и федералните партнери со цел да спречи каква било закана“. гт/

Остани поврзан