• петок, 14 февруари 2025

Захарова: Рускиот и српскиот шеф на дипломатијата ќе имаат средба на 17 февруари

Захарова: Рускиот и српскиот шеф на дипломатијата ќе имаат средба на 17 февруари

Москва, 14 февруари 2025 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров в понеделник ќе има средба со шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ, изјави портпаролката на руското МНР Марија Захарова.

„Разговорите меѓу шефот на руската дипломатија и шефот на српската дипломатија ќе се одржат на 17 февруари“, рече Захарова.

Според неа, ќе се разговара за широк опсег на руско-српските односи, меѓусебната соработка, ситуацијата на Косово и на Балканот во целина, како и меѓународни прашања. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан