• недела, 22 декември 2024

Захарова: Изјавите на Болтон за државни удари бараат реакција и анализа

Захарова: Изјавите на Болтон за државни удари бараат реакција и анализа
Москва, 13 јули 2022 (МИА) - Изјавите на поранешниот американски советник за национална безбедност, Џон Болтон, за учество во организирање на државен удар во странство, се апсолутно нови сознанија што бараат анализа, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон за Си-Ен-Ен изјави дека тој лично бил вклучен во „планирање државни преврати“ во странски земји. - Не се сеќавам некој, кој бил на таква висока позиција и кој бил директно одговорен за меѓународната политика на САД, јавно да зборува дека се занимавал со планирање државни удари во други земји, истакна Захарова. Според неа, тоа „подразбира, секако, реакција“ и „си бара понатамошна анализа“. - Затоа што важно е да се знае во кои други делови на светот, САД планирале државен удар, подвлече Захарова. бд/зш/

Остани поврзан