• понеделник, 20 мај 2024

Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци

Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци

Кавадарци, 20 април 2024 (МИА) - Кавадарчанец затруен од наркотици бил пронајден во бессознание во двор во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.  

- Вчера во 12.00 часот во ОВР Kавадарци, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дворот на М.К.(42) од овој град, во бессознание бил пронајден кавадарчанецот Б.О.(40),  кој бил затруен од наркотични средства. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на М.К., при што била пронајдена и одземена таблета екстази. М.К. бил лишен од слобода, појаснија од СВР Велес. 

 Оттаму додадоа дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/нд/

Остани поврзан