Затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица поради снег, забрана за камиони на Плетвар
- Од 9.16 часот целосно е затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица на патниот правец Велес - Скопје поради расчистување на снегот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Од 9.16 часот целосно е затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица на патниот правец Велес - Скопје поради расчистување на снегот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.
Забраната важи за сите видови возила. Дополнително, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.
АМСМ апелира возачите да ја следат состојбата на патиштата и да ги почитуваат привремените сообраќајни мерки. дма/вј/
Фото: МИА архива