• четврток, 04 декември 2025

Затворен пазар за земјоделските производи од Дебрца, вети кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сиљаноски

Затворен пазар за земјоделските производи од Дебрца, вети кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сиљаноски

Охрид, 6 октомври 2025 (МИА) – Вредните раце на нашите земјоделци и плодната почва на Дебрца се нашата најголема гордост. Тие се душата на нашиот крај. Нивниот труд заслужува повеќе од почит – заслужува сигурна иднина и вистинска поддршка.

Тоа денеска го порача Златко Сиљаноски, каднидатот за граодначалник на Дебрца на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, најавувајќи ја како клучен проект изградбата на современ затворен пазар покрај автопатот.

„Тоа ќе биде повеќе од обичен објект: Сигурност за производителите – простор за сигурен пласман и фер цена. Здравје за семејствата – лесен пристап до свежа, домашна храна. Силна локална економија – центар кој ќе ги чува нашите традиции и ќе создава нови можности. Се обврзувам да создадеме услови за просперитетна Дебрца, каде што трудот се цени и секој може да живее достоинствено од својата работа“, истакна кандидатот Сиљаноски. аб/нд/

фото/принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан