• недела, 05 јануари 2025

Затвореник под закана со оружје зеде пет лица како заложници во француски затвор

Затвореник под закана со оружје зеде пет лица како заложници во француски затвор

Париз, 3 јануари 2024 (МИА) - Затвореник денеска зеде како заложници пет лица во јужниот француски град Арл, соопшти полицијата и затворските власти.

Според изворите, мажот, вооружен со ладно оружје и за кој се знае дека има сериозни психички проблеми, држи четворица членови на медицинскиот персонал на затворот и еден управник. Тој „нема карактеристики на терорист“, нагласи претставник на затворот.

Заложничката драма започна нешто по 11 часот во медицинскиот оддел на затворот. Целокупната ситуација останува мирна, изјави извор запознаен со ситуацијата.

Според властите, 37-годишниот затвореник бил осуден за напад со ладно оружје. Неговата казна истекува во 2031 година.

Францускиот министер за правда, Жералд Дарманен на „Х“ напиша дека го следи случајот и дека се на располагање сите неопходни средства за да се стави крај на заложничката криза. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан