• петок, 22 ноември 2024

Затворањето на воздушниот простор во Судан поради конфликтот продолжено до 15 август

Затворањето на воздушниот простор во Судан поради конфликтот продолжено до 15 август

Картум, 31 јули 2023 (МИА) - Суданската управа за цивилна авијација го продолжи затворањето на воздушниот простор на земјата поради конфликтот до 15 август, јавија британските медиуми.

Исклучок ќе биде направен за летовите со хуманитарна помош и за евакуација, се наведува во соопштението на меѓународниот аеродром во главниот град Картум, објавено рано утринава.

Воздушниот простор на Судан беше затворен за редовен сообраќај откако во земјата во средината на април избувна воен конфликт меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан