• понеделник, 23 декември 2024

Засадени околу 320 дрвца на граничните премини

Засадени околу 320 дрвца на граничните премини

Скопје, 13 април 2024 (МИА) - Во пресрет на Денот на Царината - 14 Aприл, по повод 32-годишнината на Царинската управа, царинските службеници засадија околу 320 млади дрвца на гранични премини, покрај испоставите во внатрешноста и во дворот на Управата.

Како што информираат од Царинската управа, директорот Стефан Богоев посочил дека со ваквата акција се придонесува за заштита на животната средина и позитивни промени за идните генерации.

-Акцијата за засадување дрвца беше организирана во текот на изминатата работна недела на територија на целата држава и притоа беа опфатени над десет локации во околината на граничните премини и царинските испостави во државата, како и во седиштето на Царинската управа, на кои симболично беа засадени по 32 садници. Во акцијата беа вклучени царинските службеници од сите царинарници и од Управата, а при засадувањето на дрвцата на граничните премини се вклучија и колегите од соседните земји, се наведува во соопштението. свс/мд/

Фото: Царинска управа

Остани поврзан