• понеделник, 23 декември 2024

Зариф: САД ризикува да предизвикаат катастрофа

Зариф: САД ризикува да предизвикаат катастрофа
Техеран, 245 јули 2020 (МИА) - Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џафад Зариф денеска ги обвини САД дека ризикувале да предизвикаат катастрофа, кога два американски вони авиони пресретнале ирански патнички авион над сирискиот воздушен простор. - САД вознемируваа планиран цивилен лет, доведувајќи ги во опасност невините патници, наводно за да ги заштитат своите окупаторски сили, напиша Зариф на Твитер, додевајќи оти „тие одметници мора да бидат запрени“. Тој го отфрли објаснувањето на САД дека авионите спроведувале визуелен надзор како неубедливо и неоправдано. Два американски воени авиони пресретнаа ирански патнички авион над Сирија, поради што пилотот морал брзо да ја смени висината на летање за да избегне судар, а таквиот маневар предизвика полесни повреди на неколку патници. По инцидентот, авионот на иранската компанија „Махан ер“, што сообраќаше од Техеран за Бејрут, слета безбедно. Иранската државна новинска агенција ИРИБ претходно објави дека ирански патнички авион бил пресретнат од еден израелски воен авион, а потоа ја корегира веста, наведувајќи дека се работи за два американски воени авион. Претходно, Централната команда на вооружените сили на САД соопшти дека американските воени авиони Ф-15 придружувале иранскиот патнички авион на безбедно растојание. - Спроведена е стандардна визуелна проверка на патничкиот авион „Махан ер“ на безбедно растојание од околу 1.000 метри, соопшти американската армија. Инцидентот најверојатно ќе доведе до зголемување на тензиите помеѓу Иран ио САД. Израел и САД ја обвинуваат „Махан ер“ дека пренесува оружје за герелците, кои се поврзани со Техеран, а се борат во Сирија и други земји. Вашингтон во 2011 година воведоа санкции за „Махан ер“, а тензиите се зголемија во 2018 година, кога американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од мултилатералниот договор за иранската нуклеарна програма и повторно воведе санкции кон Иран. ми/

Тагови

Остани поврзан