Започна реконструкцијата на улицата „Лисец“ во Горно Лисиче со нова водоводна мрежа
- Започнаа градежните активности за изградба на нова водоводна мрежа и реконструкција на улицата „Лисец“ во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром.
Скопје, 10 март 2026 (МИА) - Започнаа градежните активности за изградба на нова водоводна мрежа и реконструкција на улицата „Лисец“ во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром.

Со овој проект, како што се анведува во соопштението од Град Скопје, ќе се изгради целосно нова водоводна инфраструктура, ќе се постави тампонски слој и нов асфалт, со што трајно ќе се подобри водоснабдувањето и сообраќајната инфраструктура за жителите од овој дел на градот.
Проектот е реализиран во соработка со општина Аеродром и ЈП „Водовод и канализација“, а неговата цел е решавање на долгогодишните инфраструктурни проблеми со кои се соочуваа жителите на улицата.

-Со реконструкцијата на улицата „Лисец“ значително ќе се подобри безбедноста и квалитетот на живот на граѓаните, како и условите за сите учесници во сообраќајот кои секојдневно ја користат оваа сообраќајница, се наведува во соопштението.
Надлежните најавуваат дека инвестициите во инфраструктурата продолжуваат и во наредниот период, со реализација на повеќе капитални проекти во различни делови од градот.
- Рамномерен развој и инвестиции во секој дел од градот, е она од кое нема да отстапиме. Во Аеродром, како и во сите општини на Град Скопје, вложуваме посветено и одговорно, затоа што граѓаните го заслужуваат најдоброто. Улицата „Фрањо Клуз“ веќе е целосно реконструирана, а наскоро започнува изградбата на двата кружни текови кај „Тобако 2“, како и реализацијата на низа капитални инфраструктурни проекти кои суштински ќе го трансформираат нашиот град. Продолжуваме со уште посилно темпо, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. дма/
Фото: Град Скопје