Започна градежната офанзива во Општина Илинден
- Од локалната самоуправа истакнаа дека во наредниот период ќе се продолжи со изградба, реконструкција, санација и рехабилитација и на други улици во месноста „Јака“, како и во сите останати населени места низ општината, со цел обезбедување квалитетни и современи услови за живот на сите граѓани.
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Градежната офанзива во општина Илинден започна со активностите за асфалтирање на новоизградената улица „103“ во местото „Јака“ во „Марино“. Оваа улица е во вкупна должина од 512 метри и широчина од шест метри, со тротоари од двете страни на улицата со широчина од 1,5 метри, соопштија денеска од локалната самоуправа.
- Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид и истакна дека по претходно извршеното профилирање и трасирање на улицата, како и стабилизирање на тлото со соодветна стисливост на тампонскиот слој, деновиве се нанесува првиот асфалтен слој на улицата. Воедно, пред започнувањето на овие активности беа реализирани повеќе приклучоци за фекална канализација и водоснабдување на локалните објекти што се наоѓаат долж улицата, информираа од Општината.

Од локалната самоуправа истакнаа дека во наредниот период ќе се продолжи со изградба, реконструкција, санација и рехабилитација и на други улици во месноста „Јака“, како и во сите останати населени места низ општината, со цел обезбедување квалитетни и современи услови за живот на сите граѓани. бд/дма/
Фото: Општина Илинден