Запленети производи без документација во Радуша
- Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север во саботата во 18:30 часот, го лишиле од слобода Ј.Л.(29) од скопското село Блаце.

Скопје, 6 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север во саботата во 18:30 часот, го лишиле од слобода Ј.Л.(29) од скопското село Блаце.
Како што информираат денеска од МВР, на местото викано „Радушки мост“ во атарот на селото Радуша, полициски службеници извршиле контрола во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое го управувал при што биле пронајдени повеќе производи без документација, кои ги донел од Косово.
Со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/бак/
МИА:Фото архива