• четврток, 21 ноември 2024

Западен Брег: Израелските сили се повлекоа од Џенин по 10-дневна опсада

Западен Брег: Израелските сили се повлекоа од Џенин по 10-дневна опсада

Рамала, 6 септември 2024 (МИА) - Израелските сили се повлекоа од Џенин и истоимениот бегалски камп во северниот дел на окупираниот Западен Брег по 10-дневна опсада, соопштија палестински медиуми.

Израелските војници ја напуштија територијата на владината и на градската болница во Џенин, каде што беа распоредени од почетокот на воената операција во окупираниот Западен Брег на 28 август.

Изминативе девет дена израелските сили спроведуваа акции низ целиот Западен Брег.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека изведуваат „операција против тероризмот“ во Џенин и Тулкарем. Во оваа операција загинаа најмалку 39 Палестинци, а уште 130 беа ранети. ссм/

фото: архива

Остани поврзан