• сабота, 21 декември 2024

Заостанат долг за вода без камата ќе може да се исплати од 2 до 15 ноември

Заостанат долг за вода без камата ќе може да се исплати од 2 до 15 ноември
Скопје, 30 октомври 2020 (МИА) - Од 2 ноември до 15 ноември граѓаните кои имаат заостанати долгови кон јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе можат да ги исплатат без каматата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката ќе престане да важи. - ЈП Водовод и канализација- Скопје, имајќи ја предвид социјално-економската состојба како резултат на пандемијата, повторно излегува во пресрет на потребите на граѓаните. Имено, секој работен ден од 8 до 14 часот, граѓаните можат да се обратат во Секторот за наплата, за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот, се наведува во денешното соопштение. Процесот за наплата ќе се одвива непречено со почитуваање на сите протоколи, со цел заштита од ширењето на корона вирусот. Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието треба да го одржуваат редот на чекање за влез, почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на секој клиент ќе му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита. Со цел заштита на корисниците и вработените, во ЈП Водовод и канализација – Скопје, секојдневно се врши зачестена дезинфекција на просторот, информираат од претпријатието. бак/са/

Остани поврзан