• сабота, 20 јули 2024

Занети: Мислам дека Икарди нема да се врати во Интер

Занети: Мислам дека Икарди нема да се врати во Интер
Милано, 11 април 2020 (МИА) - Потпретседателот на Интер Хавиер, Занети изјави дека клубот сè уште разговарал за селекцијата на лето и за иднината на Мауро Икарди, но рече дека напаѓачот нема да се врати од Пари Сен Жермен, каде што е отстапен. Аргентинецот беше ангажиран од парискиот клуб минатото лето за една сезона. -Дали ќе се врати Икарди? Не знам, сè уште не разговаравме за трансфери. Мислам дека нема да се врати, но имаме време да размислиме. Во врска со проблемот со кој се соочува целиот свет, најважно е здравјето Кога ќе заврши, тогаш ќе имаме време да размислиме за сите овие работи, рече Хавиер Занети.

Остани поврзан