Заменик министерката за европски прашања Трајков учествува на Балкански економски форум во Белград
- Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, учествува на годинешниот Балкански економски форум 2025, што се одржува во Белград.
Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков, учествува на годинешниот Балкански економски форум 2025, што се одржува во Белград.
Како што информираат од Министерството, форумот, кој се одржува под мотото „За посветла иднина“, претставува водечка регионална платформа за економски дијалог и соработка меѓу земјите од Западен Балкан, со цел поттикнување на одржлив развој, регионална интеграција и зајакнување на економските врски.
Заменик министерката Трајков во панел-дискусијата посветена на економската конвергенција и европската интеграција на регионот, ги истакнала македонските искуства и приоритети во процесот на приближување кон Европската унија.
Во рамки на форумот, предвидени се и средби со претставници на институции, меѓународни организации и деловната заедница, со цел унапредување на економската и европската соработка на Македонија со земјите од регионот.свс/са/
Фото: Министерство за европски прашања