• среда, 08 јануари 2025

Заменик државниот секретар на САД во посета на Албанија, Косово и на Србија

Заменик државниот секретар на САД во посета на Албанија, Косово и на Србија

 
Вашингтон, 8 јануари 2024 (МИА) -  Заменикот државен секретар за управување и ресурси на САД, Ричард Верма, од 7 до 11 јануари ќе ги посети Албанија, Косово и Србија, објавено е на веб-страницата на Стејт департментот.  
Како што е најавено, Верма во Приштина ќе разговара за нормализирање на односите со Белград преку дијалог со поддршка на ЕУ, зајакнување на управувањето и владеењето на правото и за промоција на економскиот раст и енергетската безбедност.

За време на посетата на Србија, Верма ќе го истакне растечкото стратешко партнерство меѓу САД и Србија во областа на енергетиката и други економски прашања. Тој ќе понуди поддршка за интеграција на Србија во европските институции, нормализација на односите со Приштина, зајакнување на владеењето на правото и поблиска билатерална соработка во воените и безбедносните прашања, се наведува во соопштението.
Верма ќе ја потврди посветеноста на САД кон земјите од Западен Балкан во нивните напори за продолжување на евроатлантските интеграции и подлабока регионална соработка. зш/

Остани поврзан