• петок, 22 ноември 2024

Заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на САД во посета на Општина Струмица

Заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на САД во посета на Општина Струмица
Струмица, 31 октомври 2022 (МИА) - Заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на САД во нашата држава, Ерик Мејер, придружуван од советникот Митко Бурчевски, денеска беше во посета на Општина Струмица каде се сретна со градоначалникот Костадин Костадинов. Како што информираа од Општината, на средбата се разговарало за актуелни теми и новите предизвици со кои се соочува Општина Струмица, при што градоначалникот Костадинов потврдил дека и во време на криза, заедно со општинската администрација и Советот, успешно ја менаџираат Општината и ги реализираат ветените проекти. Во информацијата се додава дека во име на досегашната плодна соработка и Костадинов и Мејер потенцирале дека продолжуваат уште повеќе да ги негуваат заемното пријателство и поддршка. рт/дма/

Остани поврзан