• петок, 05 декември 2025

Заинтересираните за поставување урбана опрема во Струга да поднесат барање за определување на локација

Заинтересираните за поставување урбана опрема во Струга да поднесат барање за определување на локација

Струга, 9 април 2025 (МИА) - Заинтересираните за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Струга за 2025 година најдоцна до 31 мај да поднесат барање за определување на локација – за користење на јавен простор, соопштија денеска од Општина Струга.

За добивање на одобрение за поставување на урбана опрема, како што е наведено, потребно е барање на определен образец, потврда за уплатени административни такси и потребна документација согласно правилникот за определување на локации за поставување на урбана опрема за 2025 година.

- Барателот со барањето изјавува дека е согласен да бидат користени неговите лични податоци за потребите на Општина Струга за реализација на постапката и сите известувања во врска со постапката да му бидат доставени во писмена форма, стои во информацијата на Општината.

Комплетираната документација за поставување на урбана опрема потребно е да се достави до архивата на Општина Струга најдоцна до 31 мај годинава. сс/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан