• петок, 05 декември 2025

Заеднички концерт на воените оркестри на армиите на Република Северна Македонија и на САД за Европа и Африка

Заеднички концерт на воените оркестри на армиите на Република Северна Македонија и на САД за Европа и Африка

Скопје, 9 мај 2023 (МИА) - Воените оркестри на Армиите на Република Северна Македонија и на САД за Европа и Африка “USAREUR-AF” во градскиот парк кај „Школка“ во Скопје, денеска, ќе одржат едночасовен заеднички концерт.

На концертот кој е дел од предвидените интерактивни активности со граѓаните во пресрет на меѓународната вежба “Брз одговор 23” (Immediatte response 23) посетителите ќе имаат можност да проследат повеќе џез, поп, рок и соул нумери со кои ќе се претстави сојузништвото и ќе се испратат пораки на пријателство и мир.

Воените оркестри на двете сојузнички армии како дел од армиската соработка, веќе традиционално пред почеток на поголемите вежбовни активности одржуваат заеднички концерти.

Воениот оркестар на армијата на САД за Европа и Африка вчера имаше и самостоен настап на плоштадот во центарот на Скопје, се наведува во соопштението на канцеларијата на Генералштабот за односи со јавноста. вг/ац/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан