• четврток, 26 март 2026

Заедничката изјава на ЕУ и Советот за соработка во Заливот ги осудува иранските напади

Заедничката изјава на ЕУ и Советот за соработка во Заливот ги осудува иранските напади

Брисел, 5 март 2026 (МИА) - Заедничката изјава издадена од Европската Унија и Советот за соработка во Заливот по консултациите денеска ги осуди нападите на Иран врз неговите арапски сојузници.

Земјите од Заливот ја нагласија својата „обврска дека нивните територии нема да се користат за напади против Иран“.

„Тие ја потврдија својата непоколеблива посветеност на дијалогот и дипломатијата како средства за решавање на кризата, пофалувајќи ја конструктивната улога на Оман во овој поглед и ја истакнаа потребата од враќање на регионалната стабилност и безбедност“.

Како што изјавија двајца функционери за Си-Би-Ес Њуз, на арапските држави во Персискиот Залив со алармантна брзина им снемува пресретнувачи за соборување на ирански ракети. Владите во регионот побараа од САД да ја забрзаат испораката на нови залихи, а Вашингтон одговори со формирање специјална работна група за задачата, но процесот се одвива побавно отколку што е потребно. мс/

фото: Архива

Остани поврзан