• недела, 22 декември 2024

Заев прифаќа тет-а-тет средба со Мицкоски

Заев прифаќа тет-а-тет средба со Мицкоски
Скопје, 25 март 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев ја прифаќа понудата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој во изјава за ТВ21 вели дека ќе има средба, без да каже датум и време. - Секако да, прифаќам, вели Заев. Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вечерва го повика премиерот Зоран Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници, за да разговараат за кризата со пандемијата, работата на Парламентот, за пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите… – Стојам на располагање, ќе го прилагодам моето време, така како што нему му одговара, да разговараме за сите проблеми кои се од животно значење за граѓаните, од кризата со пандемијата до работата на Парламентот, за што е денеска отворено, а не решено. Зборувам за тет-а-тет средба како двајца претседатели на двете најголеми политички партии кои имаат повеќе од две третини пратеници во рамките на Парламентот. Го повикувам, се надевам дека нема да бидам погрешно сфатен од страна на останатите политички лидери, бидејќи целта ми е навистина искрена. Целта е да се постигне консензус меѓу двете најголеми политички партии, рече Мицкоски во гостувањето во вестите на телевизијата Сител. дма/сст/  

Остани поврзан