• недела, 22 декември 2024

Заев: Заедно со борците од НОВ оваа година славиме значајни годишнини

Заев: Заедно со борците од НОВ оваа година славиме значајни годишнини
Скопје, 30 март 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев вечерва се сретна со
претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОВ Никола Стојаноски и со Борко Зафировски, потпретседател на Главниот одбор. Како што соопшти владината прес-служба, претставниците на Сојузот на борците на средбата ја потенцираа симболиката на јубилеите со кои оваа година се одбележуваат значајни настани од поновата историја, како што се 30-годишнината од прогласувањето на независност на нашата земја, првата годишнина од членството во НАТО, како и 80-годишнината од Антифашистичкото востание и Народноослободителната војна кои започнаа на 11 октомври 1941 година. - По тој повод премиерот Заев ја прифати поканата да биде покровител на оваа значајна годишнина од историјата на нашата држава во чест на борците од НОВ, кои со својот самопрегор се вградија како државотворци во создавањето и впишувањето на македонската држава во мапата на народите на светот, стои во владиното соопштение. мд/сп/

Остани поврзан