• четврток, 27 јуни 2024

Заев: Вечерва цела Европа виде дека македонскиот фудбал е европски и светски!

Заев: Вечерва цела Европа виде дека македонскиот фудбал е европски и светски!
Скопје, 31 март 2021 (МИА) – Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев им ја честиташе историската победа на македонските фудбалери остварена вечерва на гостувањето кај Германија.
  • Честитки за нашите борци кои ни носат нови победи и нови подвизи. 🇲🇰⚽
Имаме победа над селекцијата на Германија на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022. Во овие тешки времиња, моментите на радост и гордост што македонските репрезентативци ни ги носат се потребни и добредојдени во секој дом, напиша Заев на Фејсбук. Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Дуизбург ја совлада Германија со 2:1 во 3. коло од квалификациите за Светското првенство 2022. зс/

Остани поврзан