Задоволителна наплата на даноци и такси во Куманово за првата половина од годината
- По дистрибуцијата на решенијата за даноци на правни и физички лица во првата половина од годината наплатата е задоволителна, соопштија на денешната прес-конференција од секторот за даноци и такси на Општина Куманово.
Куманово, 2 јули 2025 (МИА) – По дистрибуцијата на решенијата за даноци на правни и физички лица во првата половина од годината наплатата е задоволителна, соопштија на денешната прес-конференција од секторот за даноци и такси на Општина Куманово.
- Процентот на наплата се движи од 33 до 34 проценти за назив на деловна просторија, 20 отсто од физичките лица платиле за данок на имот, додека кај правните субјекти наплатата е 42 проценти, што значи дека граѓаните по прием на решенијата веќе почнале да ја исполнуваат обврската. Имаме предвид дека сега се и годишни одмори, очекуваме во наредниот период навремено извршување на обврската, изјави раководителката на секторот Фросина Краљевска.
Решенијата беа дистрибуирани на почетокот од годинава. Граѓаните и фирмите кои не добиле решенија треба да се обратат во просториите на секторот, спроти градскиот стадион.
- По дистрибуцијата на опомените за наплатените даноци за 2024-та зголемена е наплатата. Данок на имот за физички и правни лица изнесува околу 70 до 75 отсто наплата и за назив на деловна просторија околу 50.6 отсто, изјави Краљевска.

Оние кои добиваат решенија за две листа од исто семејство треба да се обратат во просториите на секторот, да пополнат барање за да се ажурира евиденцијата.
- Доколку утврдиме дека има двојно оданочување ние по службена должност истото го регулираме, меѓутоа доколку граѓаните утврдат односно добијат решенија за данок за недвижен имот, а истото гласи на родител и на син/ ќерка, слободно може да се обратат во нашите простории и веднаш ќе биде регулирано, додава Краљевска. ам/ра
Фото: МИА