• понеделник, 23 декември 2024

Завршна фаза за формирање на Локалниот младински совет во општина Карпош

Завршна фаза за формирање на Локалниот младински совет во општина Карпош
Скопје, 19 јуни 2021 (МИА) - Локалното собрание за млади на општина Карпош го распиша Јавниот повик за избор на членови на Локалниот младински совет. Овој повик ќе биде активен во текот на претстојните десет дена, а во ова претставничко тело можат да членуваат: младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички организации, студентски организации, млади луѓе – жители на Карпош од 15 до 29 години и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територија на општината, информираат денесска од Општина Карпош. Локалната самоуправа ги повикува сите заинтересирани млади, кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот повик и да придонесат кон зголемено младинско учество на локално ниво. -Потребните документи можат да се достават преку електронски пат, на e – mail адресата на Службеникот за млади, Борис Чурлинов – boris.curlinov@karpos.gov.mk или преку Архивата на Општина Карпош (ул. „Радика“ бр.9, барака 2). Локалниот младински совет ќе претставува тело кое ќе ги штити интересите на младите луѓе од Карпош. Тој ќе може да креира различни активности, проекти и политики со кои би се подобрил животот на младите луѓе од повеќе аспекти  - економски развој и повисок стандард, вработување, пракса, доусовршување..., велат од Општина Карпош. Од Општината најавуваат дека ќе продолжат со реализација на обврските од новиот Закон за младинско учество и младински политики. Претходно, беше номиниран и службеник за млади – контакт лице за младите и младинските организации од Карпош. Исто така, во претстојниот период ќе се отвори и Канцеларија за млади, која ќе претставува локална точка за младински иницијативи и активности во Карпош. сст/мч/      

Остани поврзан