• среда, 08 мај 2024

Завршна активност на проектот поддржан од НАТО „Учи и управувај, денес и во иднина“

Завршна активност на проектот поддржан од НАТО „Учи и управувај, денес и во иднина“

Скопје, 9 јуни 2023 (МИА) - Во организација на Центарот за економски политички, анализи и консалтинг (ЦЕПАК), со поддршка од НАТО,  денеска се одржа завршната активност - семинар со панел дискусија, како дел од проектот под наслов „Учи и управувај, денес и во иднина“.

Во проектот, што се спроведуваше во период од 1 мај до денеска, беа вклучени студенти, активисти од студентските асоцијации од повеќе државни и приватни универзитети, како и претставници на институциите.

Како што информираат од ЦЕПАК, учесниците во проект имаа можност да се запознаат со тековната агенда, трансатлантска безбедносна соработка и нови безбедносни предизвици, договорот од Вашингтон, важноста на новиот стратешки концепт, колективна одбрана и промоција на вредностите на Алијансата.

- Во исто време младите како учесници на овој проект, а идни лидери на нашата нација, имаа можност да ги споделат и сопствените визии и очекувања како за нашата држава како членка на НАТО, така и за нивните идни очекувања од самата Алијанса, се додава во соопштението. сп/

Фото: ЦЕПАК

Остани поврзан