• четврток, 26 март 2026

Заврши 7. Меѓународна Стрип Колонија „Велес 2025“

Заврши 7. Меѓународна Стрип Колонија „Велес 2025“

Велес, 24 август 2025 (МИА) - Во Живописното село Нежилово под Солунска Глава денеска заврши 7. Меѓународна Стрип Колонија „Велес 2025“ што од 21 август ја организира Стрип Центарот на Македонија-Велес. Учесниците поминаа низ процес на заедничко творење на стрипови под водство и грижа од менторот Марко Стојановиќ (Лесковац, Србија ) и организацискиот тим, информира Томе Трајков од СЦМ-Велес.

На колонијата учествуваа: Владимир Весовиќ, Ивица Сретеновиќ и Срѓан Тодоровиќ (Србија) потоа Боб Клисурски, Венцислав Крстев и Христо Тренев (од Бугарија) како и Македонците Методија Стојановски  (Куманово) , Ангела Петрушевска и Елена Апостоловска( Скопје) и  Меланија Стојанова, Тамара Николова, Симона Митреска , Горан Мазнев  (од Велес).

Воедно со завршетокот на овогодинешната стрип колонија заврши и 22- от Меѓународен салон на стрип „ ВЕЛЕС 2025“ ,финансиран од страна на Министерството за култура и туризам  и Општина Велес.

На стрип-конкурсот за 22 -от Меѓународен стрип салон годинава се пријавија рекордни 396 автори од цел свет,од кои 164 од нашата земја.

Инаку изминатите 6 Меѓународни Стрип Колонии „Велес 2025“ се одржуваа во Куќата на Касапови  позната и како „Куќа на уметноста“ и „Куќата што лебди“ во стариот дел на Велес,познат по својата автентична велешка староградска архитектура. ад/свс/

Фото: СЦМ-Велес 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан