• вторник, 26 ноември 2024

Заврши трансплантацијата на срце кај 53-годишен пациент, при крај и трансплантацијата на бубрег

Заврши трансплантацијата на срце кај 53-годишен пациент, при крај и трансплантацијата на бубрег
Скопје, 6 октомври 2021 (МИА) - Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на својот фејсбук профил објави дека заврши трансплантацијата на срце кај 53-годишниот пациент, кој имаше тешка срцева аномалија.
-Неколку часа траеше трансплантацијата на срце кај 53-годишниот пациент, кој имаше тешка срцева аномалија. Сега следи критичен период на опоравување. Пациентот останува под надзор на стручниот лекарски тим на Клиниката за кардиохирургија. На клиниката за Урологија хирурзите полека ја завршуваат и трансплантацијата на бубрег кај дваесетгодишната пациентка која подолг период беше на дијализа, напиша Филипче.
Тој им посака на пациентите брзо закрепнување и многу здравје.
-На колегите кои беа дел од овие експлантации и трансплантации на срце и бубрег, им честитам за уште еден успех. Вие пишувате историја! Изразувам незимерна благодарност за храброста, добродушноста и хуманоста на семејството на донорот, напиша Филипче.
Денеска во раните утрински часови започнаа координативни состаноци за подготовка за отпочнување на шестата по ред трансплантација од починат донор. Во текот на вчерашниот ден болничките координатори од КАРИЛ дијагностицираа млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори со семејството одлучија да ги донираат органите. мд/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан