Заврши реконструкцијата на улицата „Борче Јовановски“ во Гостивар
- Улицата која води до малото пазарче до левиот брег на Вардар од нејзиното отворање за прв пат се реконструира. Во рамките на работите е извршена замена на водоводните цевки, како и уредување на атмосферската канализација.
Гостивар, 5 март 2026 (МИА) – Градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани со пуштањето во употреба, го означи крајот на реконструкцијата на улицата „Борче Јовановски“. Оваа улица во строгиот центар на градот беше целосно реконструирана по целата должина од 250 метри.
Лимани на промоцијата посочи дека станува збор за проект кој реализиран според највисоките стандарди за изградба и опфаќа не само асфалтирање на улицата, туку и целосна рехабилитација на подземната инфраструктура
- За време на реализацијата на овој проект, за прв пат е поставена и мрежата геогрид, современа технологија која се користи во европските земји за зајакнување на слоевите на асфалтот. Овој систем помага во спречување на пукнатини и деформации на улицата и ја двојно ја зголемува издржливоста, рече градоначалникот Лимани.
Улицата која води до малото пазарче до левиот брег на Вардар од нејзиното отворање за прв пат се реконструира. Во рамките на работите е извршена замена на водоводните цевки, како и уредување на атмосферската канализација.згм/вј/
Фото: Општина Гостивар