• петок, 05 декември 2025

Заврши реконструкцијата на подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во кумановското Агино Село

Заврши реконструкцијата на подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во кумановското Агино Село

Куманово, 30 април 2025 (МИА) - Заврши реконструкцијата на подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во кумановското Агино Село, информираше денеска градоначалникот на општината, Максим Димитриевски. Со реконструкцијата беше опфатена замена на покривот, поставени се нови врати и прозорци, заменета е фасадата со нова енергетско ефикасна, реконструирани се подовите, изградени се нови тоалети, поставена е и пристапна рампа и ограда.

- Заврши реконструкцијата, учениците следеа се вратија во матичниот објект. Додека траеше реконструкцијата, настава следеа во нашето училиште во Романовце и во „Вук Караџиќ“ во Куманово. Во Агино село настава следат 60-тина ученици, изјави директорот на училиштето Скендер Рушити.

Училишниот објект бил изграден во доцните шеесетти и почетокот на седумдесеттите со средства од мештаните. Проектот го реализира Општина Куманово со изработка на основен проект од страна на ЈП „Куманово план“, со финансиска поддршка на МОН. ам/дма/


Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан