• петок, 05 декември 2025

Заврши „Преспански јаболкобер“ прогласени најдобрите земјоделци, овоштари

Заврши „Преспански јаболкобер“ прогласени најдобрите земјоделци, овоштари

Ресен, 28 септември 2025 (МИА) - Општина Ресен ја одржа традиционалната манифестацијата „Преспански јаболкобер“ на која почна бербата на јаболки од годинешниот род и ги награди нејдобрите земјоделци за минатата година.

Со општински признанија се здобија Албан Реџепи кој ја доби наградата најдобар млад земјоделец, награда за најуспешна жена земјоделец доби Христина Петковска, а Таше Машуревски е прогласен за најдобар земјоделец.

Во рамки на празничните денови „Преспански јаболкобер“ во Ресен се одржаа промоција на книга од проф. д-р Јагода Митревска, театарска претстава изведоа членовите на драмското студио „Престиж“, како и изложба на тема „Низ четката на преспанските уметници“. Најмладите ресенчани учествуваа на детска ликовна работилница „Јаболче“, а на плоштадот се одржа презентација на производи од јаболка.

Манифестациите од годинешниот „Преспански јаболкобер“ завршија претпладнево со меморијалниот фудбалски турнир „Благој Котларовски-Баги“ и мемораијалниот турнир во ракомет „Зоран Стојановски“. мт/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан