• недела, 19 мај 2024

Заврши првата фаза од изградбата на локални патишта во каменичкото село Моштица

Заврши првата фаза од изградбата на локални патишта во каменичкото село Моштица

Македонска Каменица, 19 март 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица заврши првата фаза од реконструкција на краковите од локалните патишта во село Моштица. Со активноста, како што стoи во објавата на градоначалникот Димчо Атанасовски, реконструирани се краци во населените места Селиште и Влаинци во вкупна должина од 575 метри.

-Со ова асфалтирање продолжуваме со градежната офанзива и силната динамика како никогаш досега, со што ветувањата кон граѓаните се реализираат. Се подобрува патната мрежа во сите населени места, а приоритет добија оние места каде што досега никогаш немало асфалт, истакна Атанасовски.

Градежната офанзива, како што додаде, се одвива со силна динамика во согласност со временските услови за работа. 

-Со тоа запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните. Во наредниот период ќе се асфалтираат улици во централното градско подрачје и во останатите населени места, додаде Атанасовски.

Со цел еднаков и рамномерен развој на сите населени места градежните активности, како што дополни, продолжуваат и во наредниот период. вс/бт/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан