• четврток, 25 декември 2025

Заврши обуката за членовите на избирачките одбори во Центар Жупа

Заврши обуката за членовите на избирачките одбори во Центар Жупа

Дебар, 25 декември 2025 (МИА) - Успешно завршија четирите обуки за членовите на избирачките одбори во Општина Центар Жупа, каде, на 11 јануари, ќе има повторено гласање за градоначалник.

-На обуката присуствуваа сите 160 членови на 16-те избирачки одбори, на колку што гласачки места ќе се гласа во нашата општина. Во единствениот избрачки список запишани се 7562 лица со право на глас, што е за 11 гласачи повеќе, во однос на изборите на 19 октомври, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.

Изборот за градоначалник во оваа општина се повторува поради необезбедени цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело, кое броеше 7551 лице а правото на глас го остварија 21,49 отсто.

За разлика од 19 октомври кога во трка за градоначалничката функција беа тројца кандидати, сега има само еден кандидат, Аријан Ибраим, од Демократската партија на Турците, поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Ибраим беше кандидат и на изборите на 19 октовмри. Тој моментно е повереник со надлежности на градоначалник. Бидејќи е единствен кандидат и не е потребно да биде обезбеден цензус, ова ќе му биде четврт последователен градоначалнички мандат.

Во оваа печалбарска Општина бројот на гласачи е поголем во однос на бројот на жители. Според последниот попис општината има 3720 жители. вт/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан