Заврши мини ремонтот, Блок 2 на РЕК Битола вратен на мрежа
- Блок 2 на РЕК Битола е вратен на мрежа утрово во 9:53 часот.
Скопје, 3 март 2023 (МИА) - Блок 2 на РЕК Битола е вратен на мрежа утрово во 9:53 часот.
Од РЕК Битола соопштија дека постројката е повторно ставена во фунција по завршување на активностите за нега и санација.
- Согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола продолжува со работа со полн капацитет, односно со трите блока, се вели во соопштението.
Активностите за санација на постројката се одвиваа во изминатите две недели. лв/бак/
фото/РЕК Битола