• недела, 20 октомври 2024

Заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал Филип Стоичов во Делчево

Заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал Филип Стоичов во Делчево
Делчево, 17 август 2022 (МИА) - Во Делчево заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на Филип Стоичов. Победник на турнирот е екипата на ПАБ Делчево која во финалето беше подобра од тимот на ГПА Архитекти со резултат 2:1. Претходно во борбата за третото место екипата на Ривер Амабасадор со убедливи 8:3 славеше против екипата на Тработивиште. -На турнирот учествуваа 12 екипи поделени во две групи. Во финалето заслужено се најдоа екипите на ПАБ Делчево и ГПА Архитекти кои одиграа добар натпревар, а победата им припадна на ПАБ Делчево. Благодарност до сите учесници кои со своето учество му оддадоа чест на младиот Филип Стоичов во чија чест се организираше турнирот, рече Александар Стоичов, организатор на турнирот. За Даниел Анастасовски капитен на победничката екипа ова е прв трофеј за екипата на ПАБ Делчево, откако во претходните учества на три регионални турнири загубија во финалето. -Задоволен сум што во ова трето финале успеавме да победиме. Сепак ова е турнир во кој најважен беше спортскиот фер-плеј така што благодарност до организаторите што ни овозможија да бидеме дел од овој турнир, рече Анастасовски. За победниците на турнирот организаторите обезбедија парични награди, а награди беа доделени и за најдобриот голман, најдобриот стрелец и најдобриот играч на турнирот. Средствата кои беа собрани во рамки на Меморијалниот турнир ќе бидат доделени во хуманитарни цели. вс/мд/

Остани поврзан