Заврши Европското екипно првенство во шах, солиден настап на македонските репрезентации
- Со натпреварите од последното 9. коло во црногорскиот град Будва синоќа заврши 24. Европското екипно првенство во машка и 14. Европско екипно првенство во женска конкуренција на кое солиден настап остварија двете македонски селекции.
Будва, 21 ноември 2023 (МИА) – Со натпреварите од последното 9. коло во црногорскиот град Будва синоќа заврши 24. Европското екипно првенство во машка и 14. Европско екипно првенство во женска конкуренција на кое солиден настап остварија двете македонски селекции.
Шахистите во завршното коло претрпеа пораз од Швајцарија со 3.5 – 0.5 и се пласираа на 34. место со шест бодови, две места послабо од рангирањето со кој допатуваа на Европското првенство.
На женскиот турнир, македонските шахистки во 9. коло ја совладаа Финска со 3-1 и Европското екипно првенство го завршија со седум бодови на 27 место, пет позиции повисоко од рангирањето.
Златото во машка конкуренција го освои Србија, среброто Германија, а бронзата Ерменија.
На женскиот турнир со златниот медал се закитија репрезентативките на Бугарија, европски екипни вицешампионки се шахистките на Азербејџан, додека третото место и бронзениот медал го освои Франција. ег/дма/
Фото: ШФМ