• вторник, 03 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Завршен настан од проектот „Тејст д вејст“

Завршен настан од проектот „Тејст д вејст“

Скопје, 22 април 2025 (МИА) -  На завршен настан од проектот „Тејст д вејст“ (Taste the waste)  денеска во Младинскиот центар „Матично“ ќе бидат презентирани клучните активности, постигнувања и резултати од проектот, чија цел е подигнување на свеста за одржливо управување со храна и намалување на отпадот.

Станува збор за проект поддржан од Европската Унија, координиран од „Гоу грин“ - Скопје, во соработка со локалните партнери „Маркт органик“ (Markt Organic) и „Биокосмос“ (Biokosmos).

Целта на иницијативата е воведување иновативни практики за мерење и намалување на отпадот од храна во мали и средни претпријатија од угостителскиот и прехранбениот сектор во државава поставувајќи ги како примери за одржливост. бд/лв/

Фото: „Фејсбук“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан