• четврток, 26 март 2026

Завршени инфраструктурни проекти на улици во Куманово

Завршени инфраструктурни проекти на улици во Куманово

Куманово, 12 март 2026 (МИА) - Заврши реконструкцијата на дел од улицата „600“ во селото Проевце, на потегот од мостот на реката Кумановка до паркингот на поранешниот хотел „Куба“, информираше денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Реконструкцијата се спроведуваше со финансиска поддршка од Владата, средства обезбедни од вториот повик за поддршка на инфраструктурни проекти.

Реконструкцијата опфати изведбата на градежни активности машински ископ, дренажа и поставување бетонски рабници асфалтирање на целата траса. За реализација на оваа делница, за која кумановци покажуваат интерес, бидејќи е непосредно до чешмите со минерална вода во Провеце одвоени се над 13, 5 милиони денари.

Во меѓувреме, денеска започна изградбата на улицата „Благоја Думановски“ во населба „Перо Чичо“.

-Активно се работи на машински ископ во должина на целата улица. Проектот е финансиран од Владата, соопшти Димитриевски.

Преходно, заврши и изградбата на „Веселин Вујовски“ во населбата „Тоде Мендол“ која се реализира со средства од програмата на општина Куманово. ам/

Фото општина Куманово

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан